5 земји ќе бараат враќање на визите за Македонија и Србија


Германија, Белгија, Луксембург, Шведска и Холандија на средбата на министрите за внатрешни работи на ЕУ на 25 октомври ќе бараат активирање на постапката да се забрза враќањето на визите за граѓаните на Србија и Македонија. Сепак, експертите велат дека законските можности за тоа се многу мали.

Според српски Телеграф писмото со ова барање е веќе и официјално испратено и потпишано од овие земји, а во образложението се вели дека со месеци имаат прилив на лажни азиланти од просторот на западниот Балкан и поради тоа бараат од Европската унија да преземат мерки.

Враќањето на визите најгласно го бараат германски политичари, посебно баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман. Сепак, експертот за Европската иницијатива и стабилност Александра Стиглмајер тврди дека шансите за враќање на визите се минимални.

– Ниту една земја во Европската унија, вклучувајќи ја и Германија, не може еднострано да го суспендира безвизниот режим, тоа би претставувало грубо прекршување на Шенгенскиот договор – вели таа.

Но, сепак, постои можност да се усвои механизмот кој е предложен од страна на Европската комисија во мај 2011 година, кој предвидува државата итно да се симне од белата Шенген листа, ако бројот на барања за азил значително се зголеми.

Проблемот е во тоа што овој предлог се усвои во средината на “Арапската пролет”, и е заглавен во законодавниот процес, како дел од еден поширок пакет на измени и дополнувања.

– Германија сега може да изврши притисок врз Советот, амандманот за постапката за укинување на визите да се издвои надвор од пакетот и да се донесе во забрзана постапка. Но, дури и ако ова сценарио стане реалност, за тоа ќе бидат потребни најмалку шест месеци, па дури и тогаш тоа не е сигурно дека тоа би можело да се примени,,

Бараат азил, за да добиваат 800 евра месечно

Главната причина за приливот на баратели на азил во Германија, е неодамнешната одлука на Уставниот суд на Германија дека барателите на азил добиваат “џепарлак” од државата додека трае разгледувањето на барањето за азил. Сума што е идентична со социјалната помош за германски државјани.

решение е овие земји да си ги забрзаат постапките за испитување на барањата за азил за да се обесхрабрат оние кои го бараат тоа само за финансиска помош.

Овој пристап се покажа како успешен во случај на Белгија, која по воведување на скратените рокови, драстично ги намали барањата за азил.

Ситуацијата во Германија е алармантна. Статистиката вели дека во јануари 2010 година имало 68 барања за азил од Србија, а во јануари оваа година 697, а пак предходниот месец имало 1395. Србија по воведувањето на безвизниот режим се наоѓа, покрај Авганистан, Пакистан, Русија и Ирак, меѓу водечките земји по број на баратели на азил во ЕУ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1