99 % од витаминте В12, на пазарот содржат отровен цијанид (Видео)


Непознато е за поголемиот дел од потрошувачите, дека цијанидот го има во широк спектар, од витамините па се до додатоците за исхрана во облик познат како цијанокобаламин.

Цијанокобаламинот се наоѓа во 99% од витамините на пазарот, кој содржат Б12. За среќа цијанидот не може да направи голема штета затоа што е органски поврзан со кобаламинот (витаминот Б12).

Всушност ова не е прв пат да биде доведена во прашање токсичноста на цијанокобаламинот. Уште во 1992 година во извештајот во списанието на „Кралското друштво на медицината“, било напишано дека треба да се повлече од употреба ваквата витаминска терапија. Друга студија објавена во 1997 годиа во списанието Крв, утврдено е дека цијанокобаламинот го антагонзира витаминот Б12 и предизвикува смрт на клетката, поради недостаток на метионин.

Цијанидот во невитамински облик се разбира е најопасен во споредба со сите други врсти на отрови. Потребно е само 6,44 милиграми по килограм за да убие 50 % од стаорците со просечна големина од 500 грама, преку орална изложеност.
Границата на сигурност (како што е дефинирано од страна на LD50) на цијанокобаламинот, од друга страна е 1000 пати поголема.

Кога едно лице е отруено со цијанид, како што понекогаш се случува преку вдишување на чад и кога истото лице ќе се упати во собата за итни случаеви, таму го лечат со Хидроксикобаламинот – природна форма на Б12, која може лесно да се поврзе со цијанидот и да настане цијанокобаламин (кој го одделува цијанидот и го става во облик кој е идеален за детоксикација и елиминација), а потоа брзо се излачува од телото преку белите дробови и бубрезите.

Оние со повисока телесна маса или кои што се со повеќе изложени на цијанидот, како што се пушачите, е помалку веројатно дека ќе бидат во состојба ефикасно да го детоксицираат цијанидот кој го земаат преку додатоците во исхраната или пак преку витамините.

Детално објаснување за ова погледнете во видеото – авторот е почитуван и често цитиран за оваа проблематика. Неговите истражувања ги објавувале Reuters.com, NaturalNews.com, Wellbeing Journal, the Journal of Gluten Sensitivity. Инаку е основач на сајтот GreenMedInfo.com и коавтор е на книгата The Cancer Killers

Share Button

Tags: ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1