Затворени границите на Грција од утре до Сабота


 Грција ги затвара граничните премини – царината стапува во неколкудневен штрајк.

Министерството за внатрешни работи информира дека граничните полицајци денес биле усно  контактирани од грчките колеги кои им соопштиле дека од утре од 6 часот грчката царинска управа ќе стапи во штрајк и граничните премини ќе бидат целосно затворени.

Според информациите премините ќе се затворени од утре од 6 часот наутро до сабота до 6 часот.

Во таква ситуација, на сите три гранични премина (ГП “Богородица“, ГП “Стар Дојран“ и ГП “Меџитлија“) би се пропуштале само итни случаи.

МВР е во очекување и на писмена потврда на најавата за штрајк и блокада на граничните премини кон соседна Грција.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1