Го застрелала мажот за да ја заштити мачката (Видео)


Истражителите во Харис Каунти, Тексас, велат дека двојката имала расправии околу семејната мачка, иако постојат неколку мачки на имотот, не е јасно која мачка била повод за кавгата.  

Жената во полиција изјавила дека кога мажот се заканил дека ќе и наштети на мачката, таа морала да ја одбрани и го застрелала во стомакот. Мажот е веднаш префрлен во болницата Ben Taub и е во критична состојба.

Инспекторите се обидуваат да дознаат што сакал сопругот да и направи на мачката, за да ја предизвика оваа жена да го застрела. Жената, 42-годишната Audrey Deen Miller, е обвинета за напад со огнено оружје и се наоѓа во притвор.

Инцидентот се случил во нивната куќа која е во мирно предградие северно од Хјустон. Мачката не е повредена.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1