Од светската криза која го фати целиот свет и големата невработеност, Американците дојдоа до идеја како да дојдат до лесна заработка.
RelayRides е компанија кој што им овозможува на американските граѓани, кои што имаат автомобили, да ги рентаат на одреден период – еден саат, еден ден или подолг период, како за истите би добивале одредена сума на пари.
Компанијата зема 40 проценти од сумата на рентањето, додека останата сума ја земаат сопствениците на автомобилите.
„Ова е одличен начин за заработка кај луѓето кои што имаат автомобили“, вели Шелби Кларк основачот на компанијата.
„Не е невообичаено да се заработат 1000 долари месечно. Може да се подмират трошоците за колата, осигурувањето, нафтата гасот, вклучително се. А во исто време му правите услуга на некој друг.
Идејата за брз кеш кај сопствениците на автомобили е лесно остварлива, а истите во просек добиваат и по 250 долари месечно.
Нервозни дека нешто може да и се случи на вашата кола? Доколку се одлучите да ја рентате, има некои услови кои претходно треба да бидат исполнети. „RealayRides“, бара возилото да биде во техничка исправна состојба, а со секое изнајмување, компанијата го осигурува возилото, како и самите патници на полиса најмногу до 1 милион долари. Што се однесува до сопствениците на возилата, тие можат да добијат полиса од 300,000 долари.