Надлежните за објектот, кој се уште е во „фаза“ на градење, немале поим за новоникнатата градба. Дури во средата попладне, инспекторите на општината Нов Белград, го посетија градилиштето и ја забранија понатамошната изградба.
Припадници на здружението на „исламската заедница на Роми и останати припадници“, за само месец дена, на местото кај стариот саем, без никава законска дозвола, подигнале двокатен објект со големина од 340 квадратни метри, објект кој што наместо минере имал купола.
Водачот на здружението кој воглавно ги собира Ромите од Косово и Метохија, Дуљај, категорично тврди дека ги има сите потребни документи.
„Џамијата е изградена на местото на поранешното место за молитва, кое изгоре во мај. Имаме желба на ова место да ги собереме сите сиромашни ромски деца и нивните родители. Засега имаме 76 деца на возраст од четири до 17 години, кои го посетуваат нашето школо. Тие му се молат на бога и учат да не крадат, да не се дрогираат и да живеат во тек со времето“, зборува Дуљај.
Според неговите зборови, парите за изградба, покрај прилогот од верниците, ги добил и од неговите пријатели Срби. Средствата за изградба се обидел да ги обезбеди и од амбасадата на арапските земји во Белград.
„Испративме допис до амбасадорите на исламските земји, но никој од нив не одговори ниту пак испрати каква било сума на пари“, изјави Дуљај, кој потврди дека нема никаква соработка со исламската заедница на Србија.
Припадниците на досега непознатата „исламска заедница на Ромите и останатите припадници“, сакаат во новата џамија, во недела, да го прослават големиот празник Рамазански бајрам, во присуство на 300 верници. Српскиот Муфтија, Мухамед Јусуфспахиќ, не сакаше да разговара на оваа тема.
За новоподигнатиот објект на Стариот саем, засега никој не слушнал, па дури ни соседите од околните улици. Во овој дел на Белград, и покрај тоа што е на само два километри од центарот на престолнината, малкумина минуваат. Улиците се тесни и мрачни. Нема големи станбени згради. Во околината има стари, срушени куќи. По бомбардирањето во 1999 година, во овој дел од главниот град се доселиле стотина семејства од Косово и Метохија. По напуштањето на нехигиенскиот дел од населбата под Газела, некои од нив побарале и нови домови, воглавно во новиот кварт.