Пад на продажбата на мобилни телефони, раст за “smart phone“


Продажбата на мобилни телефони во светот, во вториот квартал од годината, забележа пад од 2,3 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Наспроти овој факт пак, продажбата на т.н смартфони е зголемена за дури 42, 7 проценти, што претставува повеќе од третина од вкупната продажба, објави истражувачката компанија “Gartner“.

Во второто тримесечје од оваа година, продадени се вкупно 419 милиони мобилни телефони.

“Android“  Интернет гигантот на “Google “ и натаму е најпродаван оперативен систем со 64,1 отсто од вкупната продажба, додека пак уделот на системот на информатичката компанија Apple –“iOS“ стагнира со продажба од 18,8 отсто.

Според “Gartner “, помалата продажба се должи на тешкото економско опкружување и одложувањето од страна на клиентите, како би ги купиле најновите модели на промоции, подоцна, во текот на годината,.

Share Button

Tags: , , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1