Силувал малолетничка во школскиот двор


Малолетната девојка А.Г. (16) од Белград за време на летниот распуст ги посетила своите баба и дедо во селото Јошанц. Осомниченото лице Д.А. (20) и се заканил дека ќе ја убие, а бомбата што ја имал ќе ја искористел за да ги убие нејзините баба и дедо.

Обвинетиот е уапсен поради сомнение дека ја силувал шеснаесетгодишната А.Г. од Белград, а според изјавите на жртвата, немилиот настан се случил во дворот на селското училиште.

„Кобната ноќ започнала во една кафана. По малтретирањето, девојката успеала да се изгуби во гужвата. Свртела на мобилен на една нејзина другарка, а поради големата галама, морала да излезе надвор. Осомничениот тоа го забележал и веднаш почнал да ја следи“, велат во полицијата.
Насилникот девојката ја изненадил од зад грб и и наредил да го фрли телефонот. Побарал да дојде со него во школскиот двор, а кога го одбила почнал да и се заканува. Потоа со сила ја довлечкал во мракот. За несреќа немало никој во близина за да и помогне, па откако ја силувал, се вратил во кафаната, а и се заканил дека ако прозбори за тоа што се случило, ќе ја убие.

Истрауматизираното шеснаесетгодишно девојче раскажало што се случило на своите баба и дедо, по што веднаш повикале полиција. Полицијата го уапсила лицето Д.А., а против него постојат повеќе пријави за кражба и провали во куќи.
Обвинетиот претходно бил и во Франција. Неодамна истиот бил депортиран, а сите во селото го познавале како насилник кој што каде и да одел ширел страв и трепет.

Share Button

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1