Откако силите на милитантната исламистичка група Либиска зора (Libyan Dawn) кон крајот на минатиот месец зазеде аеродром во Либија, исчезнале единаесет авиони од меѓународниот аеродром во Триполи, пишува Дејли мејл.
Американските безбедносни експерти стравуваат дека исламистичките милитанти би можеле тие авиони да ги искористат за терористички напад од поголем обем.
Американските власти веќе две недели објавуваат предупредувања за состојбата во Либија, истакнувајќи дека исчезнатите авиони би можеле да бидат употребени за терористички напади за време на одбележувањето на страшниот терористички напад од 11 септември 2001 година, пренесува Вашингтон фри бикон.