Тројца навивачи се повредени, а демолиран е вагонот откако група од 30 до 40 насилници ги нападнала со камења. Навивачите со воз се враќале од натпревар во Кичево.
Според последните информации потврдени од полицијата, инцидентот се случил во Скопје Север, повредени се тројца навивачи на Вардар и еден полициски службеник, пренесува Пресс24.
Повредените се пренесени во Градската хируршка болница.
Насилниците го пресретнале возот кај Скопје Север, не успеале да влезат во вагонот, но од фрлените камења повредени се 3 навивачи.
Фото – Прес 24