Фото: Драма поради наводна бомба – на крајот излезе електронска цигара


 

Вистинска драма се одвиваше денеска на автопатот близу Лондон. Полицијата по дојава на патници дека еден од патниците е сомнителен а од неговата торба излегува дим, го сопреа автобусот, го затворија автопатот и ги евакуираа патниците.

На местото дојдоа и возила на брза помош, пожарни, специјалци, единици за деактивирање бомби.

Сепак на крајот сите им се смееа на полицајците – во торбата на патникот најдена е само ЕЛЕКТРОНСКА ЦИГАРА. Полицијата призна дека се работело за електронска цигара која поради високите температури почнала да испушта пареа.

Автопатот M6 на 116 километри од Лондон беше затворен неколку часа. Се направи огромна колона од автомобили. Никој не смееше да биде пропуштен додека не заврши истрагата.

Британската полиција ги има заострено мерките за безбедност поради престојните олимписки игри и заканите за терористички напади. За оваа вест известуваа сите светски медиуми – беше топ вест и на cnn, bbc, sky.

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1