Во Македонија ќе се спроведе обука за младите под мотото ,,Одбиј работа на црно“. Зошто некој би прифатил работа без договор за вработување? Зошто би работел на црно? Ова се прашања кои им беа поставени на средношколците во средните стручни училишта во анкета спроведена од март годинава.
По спроведената анкета во 93 средни училишта низ државата може да се заклучи дека учениците од трета и четврта година знаат да препознаат работа “на црно“, рече министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.
Седумдесет и четири отсто од средношколците во земјва одговориле дека би прифатиле да работат без да потпишат договор за вработување.
Беа опфатени 14.080 средношколци кои на прашањето дали се запознаени со Законот за работни односи, 42 отсто одговориле потврдно, додека 56 отсто се изјасниле дека не го знаат овој закон. Проектот е со намера да се подигне свеста кај младите, како и да ги запознае со нивните законски права.
Министерството за образование планира кампањата да се спроведува тековно. А учениците да бидат постојано информирани од обучените наставници. Проектот е координиран и од министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Националната федерација на агенциите за привремени вработувања. „Одбиј работа на црно“ се спроведуваше во четири региони, а анкетирани се вкупно 14. 080 ученици.
,, Најважно од се, е учениците да се охрабрат при вработувањето да побараат од работодавецот да бидат уредно пријавени и да бидат дел од легалната работна сила во земјава,, истакна министерот Панче Кралев.
Сепак дури и средношколците кој сеуште не се соочиле со газдите изјавиле дека мора да се подигне свеста бидејќи ретко кој вработува лица без искуство и тешко се доаѓа до работа.
Обуката продолжува и од септември во сите училишта во Македонија.