Македонија нема да го прифати извештајот на Европската комисија за напредок на земјата ако во него ја нема придавката „македонски“, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски.
,, Дали тоа ќе се случи или не зависи единствено од тие што го подготвуваат извештајот. Нашиот став го кажавме. Дали Грција ќе се фокусира на отстранување на блокади или ќе троши енергија на бришење придавки и додавки е исклучиво нивна одлука. Сакаме да видиме дека енергијата ќе ја фокусираат на првото, а не на второто, изјавил Поповски на брифинг со новинарите.