Магаре уби градоначалник – Видео


227 килограми тешкото животно, кое инаку било љубимец на убиениот е главниот осомничен за убиството на градоначалникот во град во Тексас.

Агресивното магаре одненадеш го нападнало сопственикот Вилијам Болк на неговиот ранч.

Го клоцал и го газел стопанот, кога семејството чуло викање истрчале надвор, но никој неможел да го сопре разбеснетото магаре. Не се знае што се случило магарето толку да збесне, според полицијата овие животни стануваат многу агресивни во присуство на женка, но колку што семејството има информација немало женка во близина.

Обвинетото магаре ќе остане на ранчот, а за неговата судбина ќе одлучува семејството. Градоначалникот бил голем љубител на животни и ги имал многу на својот ранч, а магарето му било едно од омилените.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1