Постојат голем број на хипотези, од каде и како настануваат овие дупки, како што се мислењата дека млазните авиони ги создаваат минувајќи низ тенкиот слој на облачињата, потоа, дека ги создава ветрот и слично. Но всушност, оваа појава е енигматски пример за величенствените процеси на мајката природа.
Широкоопфатната теорија вели дека Цирусните облаци содржат кристали од мраз и замрзнати капки вода. Издувните гасови од млазните авиони го забрзуваат процесот на кристализација и со тоа сета вода се претвора во мраз, а замрзнатите кристали стануваат се поголеми.
Сето тоа предизвикува нагло „сечење“ на воздухот кој е повлечен од страна на влагата од околната воздушна средина, а со тоа се зголемува радиусот на дупката. Потоа поголемите ледени кристали почнуваат да паѓаат надолу бидејќи се потешки, во форма на буквата „V“, што на целиот феномен му дава облик на птица со раширени крила или пак ангел кој сака да се спушти од небото, но сето тоа е оставено на човековата фантазија.