10-тонски трамвај разнесе 14 автомобили во градот Алмати (Казахстан), откако патничка го притиснала копчето „Старт“, наместо „Сопирачка“.
Луѓе кои сведочеле на несреќата за Русија денес објасниле дека трамвајот запрел на постојка, а возачот заминал во задниот дел да поправи некој дефект.
Тогаш возачот од една жена побарал да го притисне копчето за сопирање, но патничката се збунила, па го притиснала копчето за забрзување.
Откако трамвајот удри во вкупно 15 автомобили, еден од патниците успеал некако да го најде „вистинското“ копче и да го сопре трамвајот.
Инаку во несреќата биле повредени четири лица.