Внимателно со клима уредите, не е шега, ниту претерување кога лекарите велат од клима уред може да се умре. Во овие апарати се задржуваат бактерии, мувла, вируси, инсекти и други предизвикувачи на болести кај луѓето.
Најризични се централните клима уреди во поголеми простории каде има многу луѓе. Најчесто тоа се болници, трговски центри, банки, овие урди не се проверуваат толку често, вели Татјана Радосављевиќ.
Кога легионелата ќе навлезе во човечкиот организам, предизвикува грозница, кашлање, главоболка, дијареа, оштетување на јетрата, и запалење на белите дробови. Во најлош случај настапува смрт.
Клима уредите мора редовно и правилно да се чистат и да не се претерува со ниски темпертури, предупредуваат лекарите. Климите се домаќин и на кокасаки вирусот.
Клима уредот не смее да дува дирекно во човекот бидејќи тоа може да доведе до здрвување на телото или фацијална парализа.
ако климата не се чисти редовно во неа се создаваат гливици кој потоа се уфрлаат во воздухот а ако се вдишат предизвикуваат алергии, иритација на дишните патишта, главоболка, хроничен умор.
Опасности и болести
– Легионела
– коксаки вирус
– колапс поради темпертурна разлика
– грчеви и парализа
– алергија
– главоболка
– хроничен умор
Чистење на климата
– редовна промена на филтерот
– преглед на далечинскиот управувач
– дезинфекција
– визуелен преглед на непропустливоста на системот
– контрола на испарувањето