Летна сезона ! Плоден рај за туристичките агенции, но и за арамиите!


Летните месеци – со нетрпение очекувана сезона за одмор по напорната година, тријат раце туристичките работници, но и секој арамија чија потесна специјалност се празните домови. Јуни, јули и август, интервенциите на агенциите за обезбедување на имот се зголемуваат речиси за двојно повеќе во однос на останатиот период од годината.

Мета на натрапниците се првенствено парите и накитот, но не би одбиле да се подноват и со некоја скапа техничка опрема. Годишниот одмор може да излезе непланирано „скапа авантура“, затоа препорачливо е да се придржувате до неколку основни правила, кои што можеби ќе ви ги зачуваат и парите и нервите.


Сигурносна врата !

Инвестиција од стотина евра ( што е ситница во споредба со парите што се трошат на одмор) Толку е тешко насилно да се отвори, што на крадецот повеќе би му се исплатело да го турне sидот каде што е поставена вратата, а за такво нешто тој нема време.

Апсолутно исплатлива долгорочна инвестиција што нуди голема сигурност за вашиот имот.

Хармонични меѓусоседски односи!

Сите не нервира тоа што нашите соседи го „пикаат носот“ каде што не му е местото. Размислете повторно! Ако вашите соседи се грижат за тоа што се случува во вашиот двор и додека сте на одмор, значи вие имате бесплатно обезбедување.

Наместо да им замерувате, дадете им го клучот, многу е важно повремено да ги вклучуваат светлата, така ќе изгледа дека станот не е празен. Исто така препорачливо е почесто да се проверуваат поштенските сандачиња ( сандачињата преполни со писма се показател дека сопствениците се отсутни.)


Аларм и камера!

Ова е најскапата но и најсигурната опција која е голем проблем и за аматерите и за професионалните натрапници. Обидот на аматерите да влезат во домот трае околу една минута, доколку не успеат се повлекуваат.

Професионалците пак тргнуваат со повисока цел – да го измамат вашиот модерен безбедносен систем, тие знаат да бидат малку поупорни во својата намера.

И НАЈВАЖНОТО ПРАВИЛО – НЕ СИ ЈА БАРАЈТЕ САМИ БЕЉАТА никако не објавувајте на фејсбук дека сте на одмор. Искуството на полицијата покажало дека во неколку случаи крадците токму на фејсбук ги пикирале жртвите.

Праксата покажува, не постои систем што целосно ќе го спречи крадецот да влезе во куќата , но ако некој решил да го ограби вашиот дом, барем погрижете се добро да се измачи.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1