Откако неговото тело било пронајдено на Дурмитур после неколку дена, неговиот 85 годишен брат побарал да го однесе дома.
Авионот со ковчегот и телото од мртовецот прво пристигнале во Београд од Подгорица, а од тука ковчегот требало да тргне за Франкфурт. Според податоците на локалното погребално претпријатие и германската амбасада во Црна Гора, телото се наоѓало во ладилник на франкфуртскиот аеродром. Тие тврдат дека мртовецот требало со Луфтханса да отпатува за Дрезден.
Меѓутоа, во Луфтханса тврдат дека кај нив не стигнал никаков ковчег кој требало да дојде од Црна Гора и кој требало да патува за Дрезден.
Истовремено во Дрезден погребалното претпријатие го чека мртовецот и ковчегот, а како што велат се надеваат дека наскоро се ќе се реши.