В.М. (25) со хомосексуална определба претепан е ноќта помеѓу 7 и 8 септември во паркот на Фрушкогорска улица во Белград. Нападот се случил во 01 и 30 часот по полноќ а претепаниот кој полицијата го нашла во полусвесна состојба веднаш бил пренесен во ургентниот центар каде му биле констатирани повеќе тешки телесни повреди, контузии на главата, истегнат врат, скршени и напукнати заби на долната вилица, крварења, гребаници по лицето…
Полицијата веднаш го повикала и В.Д. (23) кој вечерта бил во друштво со В.М и кој исто така имал видливи повреди но успеал да им побегне и да повика полиција.
В.М. и В.Д. за време на нападот поминувале покрај паркот одејќи во геј клубот кој се наоѓал во близина кога од паркот слушнале извици – „Педери, педери!“. В.Д. успеал да види дека еден од напаѓачите во раце носел месарски чекан по што веднаш почнал да бега и се упатил во летната бавча на едно кафуле од каде повикал полиција.
Во меѓувреме напаѓачите го фатиле В.М. и брутално го претепале во паркот по што се разбегале.