Херман Ван Ромпеј по средбата со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, во Сараево изјавил , дека по Хрватска следната членка на ЕУ ќе биде токму Црна Гора.
Претставникот на Европскиот совет истакнал дека Европската Унија е отворена за пристапување на Црна Гора кон Унијата.
Како што соопштил Вујановиќ, следните месеци во Црна Гора ќе се одржат и парламентарни избори, за да се формира нова влада која пак ќе води интензивни преговори за членство на земјата во Европското семејство.