Жена сакала да се удави во Вардар зошто го фатила мажот како ја изневерува


41 годишна скопјанка испила апчиња за смирување и се фрлила во реката Вардар во обид да се самоубие.

 

Според весникот Вест во неделата скопјанката испила поголема количина апчиња и се фрлила во водата. Во близина се нашол Стевче Пецевски и веднаш притрчал да и помогне.

„Тргнав да одам на заболекар. на околу 500 метри од местото каде што во Вардар се влева реката Лепенец забележав жена што се дави во реката. Викаше ќе се убијам, маж ми ме изневерува, има друга,, изјавил спасителот за Вест.

Се приближил и почнал да ја разубедува. За среќа успеал и ја извлекол од водата.
Веднаш била повикана Брза помош и жената била префрлена во болница. Полицијата на брегот нашла нејзината чанта во која имало мобилен телефон и празно шишенце со апчињата кои претходно ги испила.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1