Затвореник во Шутка фатен среде секс во затворското WC


Полицаец од затворот во Шутка морал да тропа на вратата на тоалетот во притворното одделение за да го прекине затвореникот кој неможел да издржи, а да не води љубов со својата свршеница која дошла во посета.

Затвореникот имал викенд посета од својата свршеница која дошла тип топ дотерана, пишува весникот Вест. Очевидци за весникот изјавиле дека девојката била провокативно облечена а штом ја видел затвореникот почнал страсно да ја бакнува.

Но поради фактот што во ходникот имало многу луѓе вљубените гулапчиња одеднаш ги снемало.

Дека го нема затвореникот забележал еден од затворските чувари. Се обидел да влезе во тоалетот, но вратата била заклучена. Тропал но никој не се одзвал. Кога конечно излегле парот бил со развлечена гардероба и бушави во косите.

Затвореникот бил во Шутка 3 недели. Бидејќи неможел да се воздржи сега е казнет. Од отвореното одделение перфрлен е во изолација со право на 1 час прошетка дневно и само две посети месечно.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1