Гватамела се држи до стариот суд – линчот како праведен чин. Убиецот на две деца во едно училиште во Гватемела не ја дочекал правдата на суд. Бил запален пред истото училиште, откако бил фатен од страна на селаните.
Министерот за внатрешни работи на Гватемала, Маурицио Лопез Бонила, потврди дека Јулио Сакил, кој бил во алкохолизирана состојба, им ги пресекол грлата на две деца во училиште во северната покраина Алра Верапаз.
Бонила потврди како селаните во селото го фатиле 35 годишниот убиец, го ставиле на ражен во школскиот двор и го запалиле.
„Тој влезе во една од училниците и нападна дете, му ја отсече главата на 13 годишниот Армандо Коју Калу, а потоа и на 8 годишното девојче Евелин Јаниса Сакиј Би“, изјавил за локалните медиуми пожарникарот Вилсон Кахуек.
Мотивот за нападот засега не е познат, а локалната полиција потврди дека обвинетиот имал претходно проблеми со дрогата и насилието.
Светските медиуми пренесуваат дека толпата која го запалила била предводена од страна на учителот од школото.
Линчувањата не се ретки кога станува збор за земја како Гватемала. Во 2011 година во оваа земја имало 234 обиди за линчувања. Во истите најмалку 40 луѓе, уште пред да седнат на обвинителната клупа загинале.
Крадците пак кои се уапсени, како по некоја традиција, најпрвин минуваат низ „рацете“ на револтираната толпа, а најсреќните се оние кои полицијата ќе стигне навреме да ги спаси.