Прејак оргазам може да предизвика губење на помнењето


Организмот го продолжува животот, а исфралњето на секретот може да трае и до 30 секунди. И мажите како и жените, можат да глумат дека го доживеале врвот на задоволството. Еве неколку работи кои можеби не сте ги знаеле за оргазмот…


Мажите кои доживуваат најмалку два оргазми неделно имаат двојно поголеми шанси да живеат подолго од просечниот живот. Освен што го намалува стресот и го подобрува физичкото и психичкото здравје, научниците тврдат дека 100 оргазми за време од една година ја намалуваат смртноста за 50 проценти и го продолжуваат животот од три до осум години.

Оргазмот може да предизвика губење на помнењето

Преинтезивниот оргазам кај посилниот пол може да предизвика минлива глобална амнезија односно привремен губиток на помнењето. Интезивниот оргазам го зголемува притисокот во мозокот и предизвикува губење на помнењето кое може да трае од 12 до 24 часа.

54-годишна жена тропнала на вратата на службата за итни случаи во болницата на Универзитетот Џорџтаун (САД), изјавила дека не може да се сети што се случило во изминатите 24 часа. Единственото нешто што го памети последно е дека водела љубов со сопругот.

Всушност, науката покажала, дека сексот може да резултира со амнезија. Оваа состојба е привремена и нивните сеќавања можат да бидат обновени само по неколку часа. Ова е редок синдром, се забележува кај 3-5 лица на 100.000 луѓе годишно. Неврологот Себастијан Америсо од Невролошкиот институт на Буенос Аирес изјавил дека науката се уште точно не знае зошто, но се знае дека “Тоа не го оштетува мозокот и е релативно бенигна состојба,,
“Сексуална активност и физички напор, може да предизвика привремено губење на меморијата. Најчестите случаи се кај луѓе на возраст од 50 до 60 години, но има и случаи на помлади пациенти кои се пожалиле. Интересно е што повеќето пациенти страдаат од оваа состојба само еднаш.

Науката вели дека оваа состојба е поврзана со вратните вени. Научниците велат дека силно движење, предизвикува побрз протокот на крв. Ако ,,вентилот,, е отворен, ризикот е да се јави висок крвен проток. Мозокот снемува кислород и предизвикува привремено да се оневозможи функционирањето на централниот нервен систем каде што е функцијата за складирање меморија. Како резултат на тоа, луѓето може да страдаат од привремено губење на меморијата.

Нема наследени состојби поврзани со TGA. Мажите ја доживеале оваа состојба почесто отколку жените.

 

И мажот може да глуми

Тоа дека мажите не можат да глумат оргазам е само мит. Ејакулацијата и оргазмот се две различни работи, а можно е мажите да го доживеат врвот на задоволството и без исфрлување на секретот. Ејакулацијата е последица на собирањето на сексуалното возбудување, кое предизвикува затегнување на мускулите околу жлездите на простатата. Тоа затегнување и опуштање на мускулите предизвикува исфрлање на спермата.

Сексуалната напнатост предизвикува грчење на лицето

Различните врсти на нерви го контролираат оргазмот. Како сексуалната напнатост се насобира така мажите чувствуваат ритмичко затегнување и опуштање на мускулите што го објаснува грчењето на мускулите на лицето и испуштање на звуци. Тоа не мора да се случи истовремено, како и со ејакулацијата.

На врвот на сексуалното задоволство силата на оргазмот може да трае и до 30 секунди

Мажите сексуалната кулминација ја доживуваат во 20-те години. Тогаш желбата е најголема, а оргазмот најинтезивен. Во тој период можат да имаат сексуални односи и по неколку пати на ден, а оргазмот може да трае и до 30 секунди.

Ако заспиеш веднаш по сексот, виновна е генетиката

По сексот на мажите им се потребни само пет минути за да заспијат, додека припадничките на поубавиот пол им е потребно околу 20 до 30 минути. Причината за тоа се крие во хормонот окситоцин, кој е одговорен за ерекцијата и ејакулацијата. За време на сексот неговото ниво се зголемува, а последицата е поспаност и умор. Жените тоа не ги погодува и во состојба на мирување имаат поголемо ниво на окситоцин отколку кај мажите.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1