Откако две телевизии во Грузија го објавија видеото на кое се гледа како чувари во затворот ги злоставуваат затворениците Грузија се крена на нозе. Серија протести низ државата.
На снимката се гледа како полицајци со пендрек силуваат затвореник.
Стотина демонстранти го блокираа сообраќајот во центарот на Тбилиси, а министерот надлежен за затворите поднесе оставка.
Владата тврди дека се работи за политичка провокација пред изборите, а претседателот Михаил Сакашвили ветил дека сите извршители на овој грозен чин ќе бидат казнети.
Тројца полицајци се уапсени, а министерството за внатрешни работи изјавил дека од нивните изјави се дознало дека добиле голема сума пари од колеги блиски со опозициониот лидер за да учествуваат во снимката и злоставувањето. Иванишвил ги негирал овие тврдења.
Внимание ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО ( гнасниот чин почнува од 6 минута и 15 секунди)