Тепчка на 90 год баби – и го навредила внукот па и скршила глава на друга баба


Незапаметен прекршок со тешки повреди во Полјана покрај Пожаревац. Радмила Ц.(87), поради навреда на внукoт, ја повредила Вера П.(85)

Полицијата на Пожаревац ја привела Радмила Ц.(87) од Полјана, поради сомневање дека и нанела тешки телесни повреди на сосетката Вера П.(85), пукнатини на черепот, поради што била префрлена во белградскиот Ургентен центар.

Овој необичен инцидент, чии актери се жени во деветтата деценија од животот, се случил кога Вера дошла во дворот на Радмила, за да купи млеко од нејзиниот внук, што веќе долго време редовно го правела, пишуваат „Новости“.

Во тој момент, од куќата излегла Радмила и почнала да и префрлува на Вера што нејзиниот внук го озборува по цело село. Тогаш помеѓу нив избила расправија, во која си размениле навреди, а потоа навалиле една на друга кубејќи се за коса и ударајќи со раце и нозе.

-Во еден момент, на старата Радмила и паднале наочарите на земја, поради што се наведнала да си ги земе. Тоа го искористила помладата Вера и ја удрила неколку пати со нога во глава. Меѓутоа, иако не гледала убаво, постарата Радмила успеала да земе стапот од Вера, која оваа го користела за одење, и со него со цела сила неколку пати ја удрила по главата и телото. Од јачината на ударот Вера цела крвава паднала онесвестена на земја – дознаваат „Новости“ од истрагата.

Скараните старици ги раздвоиле соседите, кои ја слушнале расправијата и дотрчале.

Следниот ден Вера се жалела на на многу јаки главоболки, па ја одвеле блиските во Општа болница во Пожаревац, каде констатирале тешки телесни повреди. Имено, лекарите утврдиле дека на Вера и пукнал черепот, кој на некои места по силните удари се одвоил од рабовите.

По укажаната прва помош, поради тежината на повредата, лекарите и дале упут на Вера за во белградскиот Ургентен центар на понатамошно лекување.

Полицијата по тоа ја привела Радмила Ц., поради основано сомнение дека извршила кривично дело за нанесување на тешки телесни повреди. По сослушувањето, таа е пуштена дома да се брани од слобода.

Tags: , , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1