Шерон Стоун била итно однесена во болница во Милано, Италија во саботата откако се онесвести за време на модната ревија на Fendi.
“Таа се несвести одеднаш, телото и беше ладно, беше страшно,, изјавил извор за Us Weekly.
На актерката не и било добро уште во хотелот, но ја прегледал лекар и утврдил дека е во стабилна состојба, а таа не сакала ни да чуе да ја пропушти ревијата.
54 годишната актерка која е долгогодишен активист за борба против СИДА имала силна мигрена, но сепак се појавила на црвениот тепих со својот 27 годишен дечко Мартин Мика. Била бледа и тешко дишела, но инсистирала да остане на ревијата. Тогаш одеднаш се онесвестила и облеана со пот паднала на земја. Итно е пренесена во болница, нема информација во каква состојба е сега, пишува весникот.
Стоун е двапати разведена и мајка на три сина: Роан, Лаирд и Квин.