Пушиш или јадеш јајца – исто ти се фаќа


Канадски научници дошле до сознанија дека холестеролот во жолчката на јајцето има речиси исто негативно влијание за крвните садови како и чадот од тутун. Нивната студија е објавена во Atherosclerosis.

Научниците мереле колку има акумулирана маснотија кај 1.231 канадски пациенти на возраст од 61 година. Откриле дека формирањето на овие наслаги посебно се забрзува по 40 тата година кај лицата кои редовно консумираат јајца. Нивните резултати биле речиси идентично проблематични како кај пушачите.

Во овие 1200 пациенти имало неколку категории – пушачи, непушачи, лица кои никогаш не конзумирале јајца, лица кој најмалку 3 пати неделно конзумираат јајца ( меѓу нив пушачи и непушачи.

Според Dr. David Spence истражувањето покажало наслагите во артериите најзабележителни и аларманти биле кај пушачите кои повеќе од 10 години конзумираат по кутија цигари дневно, но и кај оние ( идентични резултати) кои консумираат јајца најмалку 3 пати неделно во период од 10 години.

Најлоши резултати – односно речиси пред инфарктна состојба се пациентите и кои пушат и кој редовно јадат жолчка.

Научниците одамна предупредуваат да се има мерка при јадењето јајца. Тие се здрави но внесувањето на холестеролот од жолчката прави повеќе проблеми отколку што дава бенефит доколку не се ограничи конзумацијата.

Сепак она што е интересно е што научниците откриле таложење на маснотии и кај пациенти кои ниту пушат ниту пак претерано внесуваат јајца – заклучокот е дека се склони кон таложење маснотии како последица на генетска предиспозиција на организмот за оваа болест.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1