Во кинеската клиника за оплодување во Нанкинг има машина која е наречена automatic sperm extractor, а со чија помош се ,,измолзуваат,, мажите, донатори кои дошле во клиниката да донираат семе.
Овој апарат е совршен ,, мастурбатор,, може да се подесува висината, брзината, фреквенцијата, температурата – кој како сака – по желба. Чим ќе почне да си ја работи работата машината дава и дополнителна стимулација. Прикажува ,,порки,, за да се опуштат донаторите целосно. 🙂
На интернет дури се вртеше и фотографија на која над апаратот има натпис – сега можете да заработите и стоечки, алудирајќи на тоа дека донаторите на сперма се платени за секоја чашичка од непроценливата течност но управникот на одделот за урологија во болницата Женгжоу демантираше и појасни. Дека оваа машина не се користи за донаторите на сперма, туку за паровите кои доаѓаат да имаат вонтелесно оплодување – а мажите од непријатност неможат да се возбудат за да донираат сперма за својата партнерка која чека да биде оплодена.
,, банките за сперма имаат многу високи стандарди и тие дефинитивно не би користеле една ваква машина. За да се користи услов е да се носи кондом, а лубрикантите во кондомот влијаат негативно на сперматозоидите така да сперма донирана преку овој апарат не би била корисна за донаторство и складирање. Единствено за паровите бидејќи тогаш за многу кусо време се врши оплодувањето и нема потреба од складирање, појаснува управникот.