Не го трошете времето со вашите деца: Детството има само 940 саботи


Колку саботи минувате со вашето дете? Според книгата „ no regrets parenting ,, детството има само 940 саботи – толку саботи имате да минете со вашето дете пред тоа да замине на факултет.

Времето лета. Додека да се завртите детето стасало до факултет. Не пропуштајте ниту една сабота зошто ги има многу малку.

Во книгата се содржани многу совети за родителите. Работи на кои не обрнуваат внимание. Како колку е важно да се прегрне детето и да му се кажува редовно дека го сакате. Како на децата влијае кога ќе се засрамат, уплашат, или пак кога родителот ќе им викне и ќе се налути.

Родителите најчесто грешат ненамерно, се вели во книгата. Не значи дека се лоши родители но едноставно немаат престава колку малце време имаат да уживаат во детството на нивните деца, и колку е важно да им се обрне внимание зошто она што може да се научи додека се мали подоцна е многу потешко.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1