Дваесет и едно годишниот Анџело, бил приведен во Штип, откако полицијата добила сознанија дека продава дрога.
-Бегајќи им на полицајците, Анџело скокнал од покривот на една шупа во двор од куќа и си ја повредил ногата, по што бил пренесен во Штипската болница. Од него била одземена и најлонска кеса, во која имало растителна материја, најверојатно марихуана, пишува Вест.
Анџело беше пријавен на конкурсот за вработување на полицискислужбеници кој го распиша МВР. Доколку ги поминеше тестовите ќе беше единствениот полицаец црнец во Македонија, пишува весникот. Анџело П. е син на педесет и осумгодишниот Нигериец Симон П. – Џими, познат од рекламата за “горска” вода, кој во Македонија живее од 1977 година.