Појадокот велат е најважен оброк во денот – ако е така зошто да не е направен со љубов и од срце. еве неколку идеи како од обичните состојки на еден појадок да направите нешто навистина прекрасно што сигурно ќе ја измами насмевката на вашиот партнер или на децата.
ИДЕЈА 1 – срце од виршла и јајце
Се што ви треба е виршла, јајце, чачкалица.
Виршлата претходно обарена се сече на половина, се спојуваат краевите во форма на срце и се зацврстува со чепкалката.
Кога виршлата ќе е во загреаното тавче, внимателно скршете го јајцето во празниот простор на виршлата.
ИДЕЈА 2 – тост од срце
За овој појадок можете да изберете неколку солуции. И тоа слатки и солени
- пржени лепчиња
- потпечени лепчиња
- обичен леб (тазе)
направете со остар нож срце во кришката леб. Или пак друга фигура зависи од намената.
Подгответе го лебот онака како што сакате ( пржен или потпечен. Едната солуција е внатре да скршите јајце ( може и матено или на око) другата солуција е да го наполните со мармалад или со она што вам ви е повкусно.
Не ги фрлајте отстранетите делови од лебот.
Доколку сте успеале да извадите совршено срценце зачувајте го ќе ви послужи за декорација
ИДЕЈА 3 – варено јајце – срце
Доколку сепак не сакате јајаца на око или кајгана и повеќе милувате варено јајце и за тоа има ,,љубовна,, варијанта.
Веднаш штом ќе се свари јајцето излупете и додека е топло во лист хартија ( превиткан како на фотографијата)
ставете го јајцето и одозгора притиснете со молив, стапче за ражнич или слично. Краевите зацврстете ги со ластиче. Додека да се излади јајцето а вие да го подготвите останатиот дел од појадокот јајцето ќе добие форма на срце.
Еве уште неколку фото идеи за совршен појадок со многу љубов – Добро утро 🙂