Надзорник на струмичкиот затвор обвинет за поткуп


Од осудено лице зел поткуп од 400 евра за да ургира дозвола за излез кај правникот на затворот.

Во август 2012 година, пријавениот од О.И., осудено лице на казна затвор во КПУ побарал поткуп од 400 евра, со цел истиот да ургира кај правникот на Затворот и да му овозможи на О.И. дозвола за излез за наредниот ден. Откако побарал, парите му биле дадени.

Пријавениот од друго осудено лице побарал да му обезбеди телефонски контакт со Џ.Д. од Струмица, а за возврат на осуденото лице ќе му овозможи да се види со неговото семејство, по што, додека бил на смена го напуштил работното место и заедно со осуденото лице заминале во с.Банско.

СВР Струмица дознала за случајот, па поднела кривична пријава против надзорникот Т.П.А.(25)  во КПУ Затвор од Струмица, за сторени кривични дела „примање поткуп“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Tags: , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1