И покрај изјавата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон, дека ќе биде на чело на „Прајд 2012“, Владата на Србија наредните денови ќе донесе одлука за забрана на Парадата на гордоста, најавена за 6 октомври.
Тоа ќе го стори најверојатно непосредно пред самиот настан, а најдоцна до 5 октомври, дознава Телеграф .
Безбедносните проценки на полицијата укажуваат на тоа дека ќе биде многу тешко да се заштитат учесниците, граѓаните, како и имотот во текот на „Прајд 2012“ („Гордост 2012“), а премиерот на Србија најдоцна до 5 октомври ќе донесе одлука за забрана за одржување на Парадата на гордоста.
Постојат неофицијални информации дека, државниот врв го усогласи ставот по прашање на одржувањето на Парадата на гордоста и повеќето министри се против одржувањето на овој собир!
-Полицијата овие денови дефинитвно треба да ја заврши безбедносната проценка, а според она што засега во неа пишува, премиерот на Србија би требало најдоцна до 5 октомври, ако не и порано, да донесе одлука да се забрани одржувањето на „Прајд 2012“ – изјавил таен извор од Владата.
Според анализи на Министерството за внатрешни работи на Србија за „Прајд 2012“, доколку дојде до нив, би претставувало голем безбедносен ризик по учесниците на парадата и граѓаните, како и по имотот на жителите и градот Белград.
Горан Милетиќ од Организациониот одбор „Прајд 2012“ кажува за Телеграф, дека евентуалната одлука на Ивица Дачиќ за забраната за одржување на „Прајд 2012“, биле вперена директно против Уставот на Србија, а како таква би била „безобразна“.
-Одлуката за забрана на „Прајд 2012“, ако биде донесена пред самата манифестација, тоа би било одраз на немоќта на државата и директно кршење на Уставот,а ако Ивица Дачиќ сака да го крши нека повели и нека донесе таква одлука – кажува Милетиќ.
Тој тврди безбедносната проценка на полицијата, уште не е готова и дека засега нема разговори за високиот степен на безбедносен ризик и додава дека се мали шансите да се донесе одлука за забрана на „Прајд 2012“.
– Се оди по планот. Парадата ќе се одржи на 6 октомври, како што е најавено од Организациониот одбор – тврди Милетиќ.