Истанбул- Турската војска отворила артилериски оган на цели на Сирија и на тој начин возвратила на гранитирањето на турскиот град Акчакале, во кој погинаа петмина луѓе. Ова беше потврдено од страна на турскиот премиер Реџеп Ердоган.
Во соопштението се наведува дека артилеријата дејствувала на цели во Сирија кои биле утврдени со радарска анализа и дека се е направено во склоп со процедурата предвидена за ваквата ситуација.
Истовремено ситуацијата го размрда и НАТО, кои соопштил дека стои зад својата членка Турција и остро го осудува ваквиот потег на Сирија.
Одлуката на Турција да ги нападне целите во Сирија била донесена во попладневните часови по две гранати испукани од сириската територија Акачкалу.
Се претпоставува дека гранатите биле лансирани од страна на сириската војска, која ги бомбадирала бунтовничките позиции, по должина на границата со Турција. Покрај петмината мртви, уште деветмина биле потешко повредени.
Заменик турскиот премиер Булент Аринч, изјавил дека територијалниот интегритет на Турција постојано бил повредуван со повремени инциденти на границата со Сирија, но денешниот артилериски напад е нешто кое што ја прелило чашата.
Сирискиот министер Имран Зоуби, изразил сочуство до загинатите семејства во Турција и изјавил дека сите земји во регионот мораат да го почитуваат суверенитетот на другите држави, нагласувајќи дека Турција во Сирија испраќа бунтовници со оружје и странски платеници.