78 годишна стружанка попладнево е убиена на само неколку метри од нејзината куќа. Била избодена неколкупати во пределот на грбот.
Според МВР Милица Л. околу 11.15 часот е убиена во Струга во близина на Стопанска банка во центарот на градот. 37 годишниот Г.М. од селото Калишта и пришол од зад грб и неколку пати ја избодел со нож.
Побегнал од местото, но подоцна полицијата го пронашла и привела.
Жената била пренесена во Ургентиот центар, но им подлегнала на повредите. Се работи на откривање на мотивите за бруталното убиство.