Бензините од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по пониски. Малопродажните цени на бензините БС-95 и на БС-98 се намалуваат за 4,50 денари за литар, на дизелот за 1,5 денари, а на екстралесното масло за домаќинство – за 2 денари за литар.
Еуросупер 95 ќе има цена од 78,50 денари, а 98 октани – 80,50 денари.
Еуродизелот ќе се продава за 72 денари за литар, а маслото за домаќинство по цена од 60,50 денари. Мазутот е со цена од 42,417 денари.
Според Регулаторна, намалувањето се должи на падот на цената на суровата нафта на светските берзи во изминативе две недели за 4,93 отсто.