Во понеделник стартува изградбата на облакодерите во Аеродром. Свечено ќе бидат удрени темелите.
Облакодерите ќе бидат високи 126 метри, ќе имаат по 42 ката и по 1.350 апартмани, ќе имаат станбен дел и трговски центар, како и околу 7.000 паркинг места, од кои 3.200 ќе бидат за потребите на висококатниците
Градат турски инвеститори, а чини 500 милиони евра. Рокот за изградбата на проектот е 2017 година.