Потврдено е дека ,, другата жена,, или љубовницата на директорот на ЦИА поради која поднесе оставка е Paula Broadwell, новинарка и автор на книгата All In: The Education of General David.
Тие двајца веќе подолго време често биле заедно и биле видени и како џогираат заедно и се премногу опуштени еден со друг.
Започнаа и контраверзии околу овој случај, едни велат дека директорот можно е да бил уценуван, па му дошло преку глава. На твитер веќе се шегуваат дека нејзиниот наслов на книгата за директорот на ЦИА ,, All In,, сега има смисол.
На следните видеа Паула зборува за Дејвид за време на промоција на книгата.
Директорот на ЦИА, Дејвид Петраеус, поднесе оставка. Тој во четвртокот доставил писмо до претседателот во кое бара да биде прифатена неговата оставка.
Во писмото директорот признал дека имал вонбрачна врска иако бил 37 години во брак. „Ваквото однесување е неприфатливо, и како сопруг и како лидер на една организација како што е нашата“.
Претседателот Обама ја прифатил оставката.