Деветнаесетгодишен скопјанец ги усовршувал своите хакерски способности, така што хакнал илјадници сајтови, меѓу кои и сајтови на општини и си ги менувал како нему му одговара.
Случајот во полиција минатата година го пријавиле една општина и неколку фирми.
Неколку месеци и било потребно на полицијта да дојде до лицето кое стои зад хакерските напади. Кога го пронашле испаднало дека се работи за 19-годишниот С.М.
Испаднало дека не ги хакнал сајтовите туку со помош на специјална апликација, успеал за навлезе во домашен хост-сервер, и така добил пристап како администратор до илјадници сајтови во земјава. Си влегувал на кој сајт посакал и по сопствена желба ги менувал или внесувал нови содржини.
Полицијата тогаш поднела кривична пријава против него. Но постојат оштетени кои можеби и се уште не се свесни дека биле жртва на овој млад хакер.