Знаци на стареење и болести на срцето


Данско истражување покажало дека видливите знаци на стареење не се само прашање на години, туку тие може да покажуваат и на можно срцево заболување. Лицата кои имаат 3 до 4 знаци на стареење како повлекување на линиите на косата, ќелавост на темето, бори на ушите како и жолтеникави масни наслаги на очните капаци, имаат 57 отсто поголем ризик за срцев удар и 39 отсто поголеми шанси за развој на болести на срцето.

Жолтеникавите наслаги околу очните капаци се најсилен показател за можни срцеви болести и дека постоењето на тој знак носи 35 отсто поголем ризик за срцев удар.

Научниците утврдиле дека седата коса и брчките не се знаци кои укажуваат на болести на срцето, туку само ја одразуваат староста на лицето.

Истражувањето, кое почнало во 1976 година опфатило околу 11 илјади лица постари од 40 години каде биле следени сите знаци на стареење и нивната поврзаност со развојот на здравствената состојба.

 

 

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1