Српски блогер приведен – протестирал против ТВ претплата на Фејсбук


Белградскиот новинар Милан Кампонески потврдил за српски Телеграф дека бил приведен во полиција затоа што не го пријавил протестот против плаќање тв претплата. Протестот новинарот го организирал на Фејсбук.

Новинарот кој е познат под псевдонимот @AmitzDulniker.  Остро ја критикува владата и се бори против сите социјални неправди и за слобода на медиумите.

Пред неколку дена тој на твотер напишал дека полицијата дошла и го привела не знае зошто. Кога новинарите на Телеграф се јавиле во полиција да прашаат зошто им било речено ,, па што е чудно што некого сме привеле, што има врска ако е блогер и новинар,,

Откако го пуштиле Милан изјавил ,, дојдоа по мене и ми рекоа да одам со нив во станица на информативен разговор. Ми дадоа време барем да се пресоблечам и ми објаснија дека нема да ме задржат повеќе од час, два,,

Повод за приведувањето вил што тој бил организатор на протестот против плаќање на Тв претплата на фејсбук, а се повикувале граѓаните да се одржи и протест на улица. Протестот на улица не се одржал но сеедно полицијата го привела Милан под изговор дека не го пријавил уредно протестот.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1