Да нема судења во петок и за време на рамазан – бараато обвинетите за 9/11


Петтемина затвореници осомничени за нападите на кулите близначки на 11 септември бараат воениот суд да ги стави во мирување рочиштата за време на светиот месец Рамазан.

Адвокатите на припадниците на Ал Каеда исто така потсетуваат, Петок е ден кога посветените муслимански верници всушност и не работат,  оттаму редно би било и судот да постапи исто, односно да не закажува судски рочишта в петок.

Ова барање одбраната го правда со како што велат, обврската на судот да ги почитува верските права и слободи, и потребата на овие луѓе непречено да се молат и да бидат дел од верските обреди за време на Рамазан, кон крајот на ова лето.

Обвинителите пак велат секоја ваква рестрикција дополнително го отежнува закажувањето на сослушувањата. Следното рочиште треба да почне на 8 август, за време на Рамазан. Петтемина обвинети, вклучувајќи го и таканаречениот „мозок“ на нападите Халид Шеик Мохамед во моментов се наоѓаат во затворот Гвантанамо на Куба, доколку бидат прогласени за виновни, можно е да бидат осудени на смртна казна. Се товарат за планирање и извршување терористички напади од 11 септември 2001 година, кога со киднапирани авиони ги нападнаа Њујорк, Вашингтон и Шенксвил во Пенсилванија. Загинаа 2.976 луѓе.

Tags: , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1