Ударот бил многу силен па телото на непознатата жена излетало далеку од шините. Полицијата веднаш била известена, излегла на терен и го пронашла безживотното тело.
Во моментов полицијата се уште работи на расчистување на причините за несреќата и ги разгледува деталите како дошло до немилиот настан.
Телото на починатата жена по наредба на истражен судија дадено е на обдукција, а полицијата го утврдува идентитетот.