Со тригодишна ќерка сопругата и таткото, 33-годишен српски државјанин се обидел да прошверцува 10 кг хероин во земјава.
МВР во соработка со Царина ја заплени дрогата вчера на граничниот премин Богородица, која од Турција преку Македонија српскиот државјанин требало да ја однесе во Србија.
Со целото семејството во автомобил мерцедес А-класа, Србинот се обидел да не биде забележан од службите, но некои го исцинкарил и и јавил на полицијата – по што по претресот во специјални бункери во предниот дел од возилото, најдена е дрогата.
Запленетиот хероин се проценува на околу 1 милион евра.