Полицајка во бикини и калашников на грб – честа слика во Израел/ Фото


Згодни, во бикини, прекрасно тело и тешко наоружување на нивниот грб. На овие жени не сакате да им го земете местото на плажа.

 

Израелски војници – жени, во бикини со заносни облини, но и со калаѓникови на грбот се честа слика на плажите во Тел Авив.

Сите жени во Израел мора да служат војска и тоа цели 2 години, едно од правилата додека се во војската е дека НИКАДЕ НЕ СМЕАТ ДА ОДАТ БЕЗ СВОЕТО ОРУЖЈЕ – освен ако за тоа не добиле посебна дозвола. Па затоа сликата на згодни девојки со ,, машинки,, на плажите во Тел Авив е веќе нормална.

Дури и министерот за надворешни работи на Израел за да го промовира туризмот во 2007 уште наредил да се направат фотографии на жени војници со пушки и во костими за капење, кој потоа биле дистрибуирани насекаде низ светот.

Според израелските воени закони казните ако војникот го остави оружјето се огромни, а папирологијата за да поднесеш барање за да го оставиш оружјето е огромна. Мора да се наведе, кога, колку време, зошто, каде ќе го оставиш, кој ќе има пристап до него и така натака во недоглед.

Во Израел речиси една третина од израелската војска се жени, а 50 насто од нив се официри. Не се поштедени и тренираат исто како и мажите.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1