Лекарите за утре најавија протест пред Влада


Со протестен марш од фонтата во градски парк до владата лекарите и здравствените работници ќе го изразат својот револт за исплатата по учинок. Во протестот ќе учествуваат сите лекари и здравствени работници од целата земја, а повикани се да се придружат и сите поединци, граѓански здруженија, асоцијации и организации кои го поддржуваат штрајкот и лекарите.

Тие и денеска повторија, на получасовниот штрајк пред Министерството за здрваство, дека амбулантите продолжуваат со работа како досега и дека не можат да работат по замислите на Државниот санитарен инспекторат.

„Амбулантите работат по правилата предвидени за работа во услови на штрајк, не по нечиви лични замисли“, рече Дејан Ставриќ, од ССКЦ.

На штрајкот му се приклучи и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

„Постапувањето на министерот го сметам за тотално нелегитимно иако сите мерки кои се преземаат се затскриени зад така наречени законски решенија. Од тие причини сметам дека сето ова што се случува претставува уште еден напор на државата да ја спречи слободата на изразување, што претставува феномен во последните месеци во Македонија. Најостро реагирам и го повикувам министерот итно да преземе мерки законски да ги реши состојбите во здравствената заштита“, рече Пировска, директор на Хелсиншкиот комитет.

Лекарите уште еднаш предупредија дека власта преку нивните медиуми сака со манипулации и конструирани приказни да наметне слика дека тие не работат и дека се однесуваат сурово кон пацинетите, со цел да ја изгубат поддршката од јавноста и на тој начин да може со сила да го укине штрајкот.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1