Меѓународен тим повторно ќе ја отвори истрагата за падот на „кингерот“


Авионската несреќаво која загина претседателот Борис Трајковски повторно на дневен ред. Истрагата повторно ќе биде отворена на почетокот од 2013 година, а ќе ја водат експерти од Америка, Германија, Хрватска, Србија, Македонија и Босна и Херцеговина.

Најверојатно 13 члениот тим што ќе го истражува уривањето на авионот „Beechcraft Super King Air 200 Z3-BAB“ на 26 февруари 2004 година во близина на Мостар, ќе го предводи.

Омер Кулиќ, претседателот на Комисијата за воздухопловство при Минситерството за сообраќај и комуникации на БиХ, информирал дека формирањето на тимот ќе биде завршено до крајот на овој месец, а истрагата ќе започне 2013 година.

– Ќе видиме што е добро во првиот извештај и во материјалите кои се доставени од Македонија. Сето тоа ќе го земеме предвид, а потоа ќе работиме на сето она што значи неправилности во првиот извештај, изјавил Кулиќ. Тој најавил дека тимот повторно ќе излезе на терен, на местото каде што падна „кингерот“, а ќе биде направна и реконструкција на падот на авионот. Сепак, не прецизирал колку ќе трае истрагата.

Владиниот „Кингер“ со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, се урна на 26 февруари 2004 година атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар. Остатоците од авионот и настраданите беа пронајдени 24 часа по уривањето на „Кингерот“.

Комисијата за истражување на несреќата што ја формира Советот на министри на БиХ заклучи дека причината била „процедурална грешка на пилотската екипа во фазата на слетување на Мостарскиот аеродром“.

Обвинителството на БиХ не поднесе обвинение против никого за авионската несреќа.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1