Со маска на лицето, три часа по полноќ разбојник влегол во куќата на 67 годишната П.Г. и под закана со пиштол и побарал пари.
Разбојникот, потоа со јаже ја врзал и ја пребарал целата куќа по што побегнал од местото.
Околу 06 часот П.Г. успеала да се одврзи и веднаш пријавила во полиција за грабежот.
Извршен е увид на местото на настанот, а полицијата ги презема сите мерки за откривање на сторителот на делото.










